Регистрирај се
За нас
Политики
Контакт
Toggle navigation
Пребарај
Категории
Smartwatch/Фитнес Часовници/Додатоци
Држачи за мобилни
Футроли Xiaomi
Футроли Huawei
Футроли iPhone, iPad, AirPods
Футроли Google,Alcatel,Motorola,TCL,Nokia
Футроли за Таблети
Тротинети, кациги, опрема .....
Нараквици за ДЕЗИНФЕКЦИЈА на Раце
Футрола OnePlus
Недефинирано
Екрани/Lcd/Display
Екран/Lcd complete/Touchscreen/Frame/Ramki za Lcd
Резервни делови - Connector , Microphone
Резервни делови - Speaker , Buzzer
Футроли Samsung
Полначи 220v ,12/24v , Wireless Charger
Батерии , Power Bank
Усб Кабли
Маски/Задни капаци
Мемориски Карти/Усб Меморија
Камери
Aнтени
Матични Плочи
Разно...Electronics & Gadgets...
Moбилни Телефони/Таблети
Слушалки/Звучници
Заштитни Стакла, Хидрогел Фолии за Eкрани
Флет кабли
Најново
Сервис
Почетна
Добредојде :
Административен панел
Мој профил
Мои нарачки
Одјави се
Корисник
B2B Корисник
Корисник
Најави се
B2B Корисник
Најави се
Политики за приватност
Политика на приватност
Политика за приватност
Политика за купување
Политика на замена/враќање на производ
Политиката на приватност на Дбн Мобил Електроник појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за Дбн Мобил Електроник и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни. Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност. Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни. Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт. Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија. Дбн Мобил Електроник не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и Дбн Мобил Електроник нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица. Дбн Мобил Електроник ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите. Оваа политика на приватност стапува на сила од 2014 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa Дбн Мобил Електроник најмалку 30 дена пред да стапат во сила.
Внимание! Молиме внимателно прочитајте ги овие услови пред да ја користите веб страната. Ако ги користите нашите услуги тоа значи дека ги прифаќате и сте согласни на овие услови. Ако не ги прифаќате ве молиме да не ја користите оваа веб страна. Ви ја приложуваме политиката за сигурно купување со која се уредува Вашата безбедност при користење на платежните картички. Дбн Мобил Електроник е целосно посветен на градење цврсти и долгорочни односи со Вас, купувачите. Таквите односи Ние ги градиме на база на доверливост. Поради ова, приорирет ставаме на сигурноста при користење на Вашите платежни картички во нашата електронска продавница. Дбн Мобил Електроник склучи договор со една од најголемите банки во Македонија, Комерцијална банка АД, Скопје. Сите платежни трансакции на Дбн Мобил Електроник се извршуваат преку системот на оваа банка. Единствена институција која доаѓа во допир со Вашите финансиски податоци од кредитната картичка е Комерцијална банка АД, Скопје. Пред внесувањето на податоците од кредитната картичка се пренасочувате на безбедната страна на банката, каде што се внесуваат сите информации од Вашите кредитни картички и се потврдува трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење. Платежните трансакции во Македонија се извршуваат преку системот на Комерцијална банка АД, Скопје кој е овозможен и поддржан од CaSys, реноминирана компанија за картични трансакции. Заради уште поголема заштита Дбн Мобил Електроник користи SSL сертификат. Со инсталирање на овој сертификат на web страната оневозможуваме информациите да бидат искористени од неовластен пристап (сајбер крадци). Со ова Вашите имиња, адреси, лозинка и други дополнителни лични податоци кои ги оставате при регистрација на нашиот сајт се дополнително обезбедени. Платежните картички се основно средство за електронски плаќања. За сите кои ќе ги користат во нашата електронска продавница нудиме ДВОЈНА ЗАШТИТА.
Целокупната продажба извршена преку оваа интернет страна е во согласност со “политиката за враќање” на производи на ДБН Мобил ЕЛЕКТРОНИК. Корисникот може да враќа производи во ДБН Мобил ЕЛЕКТРОНИК и да добие рефундирање на средства, под следните услови: Со цел да се избегнат било какви компликации и недоразбирања, производот купен од нашата електронска продавница не смее да се врати без претходно да не известите. Откако ќе бидеме известени, ќе се погрижиме процедурата за враќање на производот да започне правилно и производот да биде заменет или да се овозможи делумно/целосно враќање на средствата. Без претходно известување до нашиот комерцијалист, не превземаме обврска за замена на производот или враќање на средствата и Вие самите ги превземате трошоците настанати во целиот тој процес. Враќање на производ е дозволено исклучиво доколку производот е неоштетен и е во неговото оригинално пакување заедно со сите додатоци во рок од 14 дена од денот на купопродажбата за целосно да бидат вратени средствата. Производот мора да биде вратен во ДБН Мобил ЕЛЕКТРОНИК лично или по пошта во соодветно пакување и со оргиналната фискална сметка или фактура. Корисникот мора да ги следи сите поединечни специфични инструкции дадени од Вин Мобиле во врска со ракувањето на производот и неговото враќање во ДБН Мобил ЕЛЕКТРОНИК. Сите трошоци околу испораката ги покрива корисникот. За производите вратени во согласност со условите наведени во потточките 1-2 корисникот е должен да ја плати поштарината и трошоците од банкарската провизија, остатокот од средствата ќе бидат рефундирани на сметката од Вашата кредитна/дебитна картичка. Времето за поврат и увид на средствата на Вашата сметка е непосредно детерминирано од индивидуалната политиката на Банката. Во случај на враќање на производ во ДБН Мобил ЕЛЕКТРОНИК кое не е во согласност со условите наведени во потточките 1-2, (на пример подоцна од 15 дена од датумот на купопродажба, во состојба различна од оригиналната, без фискална сметка или фактура или во неиспрaвна состојба), ДБН Мобил ЕЛЕКТРОНИК ќе го одбие враќањето на производот и ќе го врати истиот кај корисникот, при што корисникот ќе ги сноси сите трошоци за враќањето и испораката. “Политиката на враќање” на ДБН Мобил ЕЛЕКТРОНИК исклучува враќање на софтвер, калибрирани производи, полупроводнички елементи и специјално произведени производи во ДБН Мобил ЕЛЕКТРОНИК по нарачка на корисникот. ДБН Мобил ЕЛЕКТРОНИК не превзема никаква одговорност за било какво оштетување или загуба при транзитот на производите од корисникот до ДБН Мобил ЕЛЕКТРОНИК или за било кој друг предмет кој ќе пристигне со производот.
Назад дома