За нас

Дбн Мобил Електроник е компанија од областа на телекомуникациите и обезбедува услуги од областа на мобилната телефонија, телефонски апарати, дополнителна опрема, сервис и продажба на резервни делови и галантерија за истите. Основните активности на Дбн Мобил Електроник од основањето до денес е да се оформува и приспособуваа според барањата и потребите на корисниците, а се со цел да се создаде еден заокружен систем кој континуирано ке се надоградува. Полето на делување на Дбн мобил Електроник опфаќа: продажба на нови и користени мобилни телефони,продажба на резервни делови како и додатоци за мобилните телефони, обука, инсталација, сервисирање и поддршка на истите производи. Благодарение на услугите за одржување и сервис кои ги обезбедува техничката служба на Дбн Мобил електроник опремата на корисникот се одржува во оптимални услови, се продолжува животниот век на производот и се заштитуваат податоците на корисникот, за да може непречено да се фокусира на неговата деловна активност. Наш приоритет е да продолжиме со понудата на голем број на производи со кои се зголемува практичноста, овозможува личен израз и обезбедува пријатни искуства при користење на истите .Нашата понуда е секогаш актуелна, сите продукти се со проверен квалитет и секогаш го нудиме само најдоброто.Во Дбн Мобил Електроник можете да ги најдете производите на ,,Santok,, Голема Британија за Р.Македонија, http://stk-acc.com/ сите производи се сертифицирани и лабараторски тестирани,производите и резервните делови на Samsung,Huawei,Alcatel,Sony,Nokia,Lg,iPhone....итн Политиката за квалитет на ДБН Мобил Електроник е понатамошно зголемување на довербата што нашите купувачи ја имаат во квалитетот на нашите услуги и на нивото на процесите на реализација по однос на постојаноста и ефективноста. ДБН Мобил Електроник е посветен на своите корисници, поттикнувајќи ги вработените да ја имплементираат оваа политика преку реализација на следните активности? Разбирање на потребите и желбите на корисниците Обезбедување на услуги во согласност со нивните потреби Следење, мерење и подобрување на нивното задоволство Интегрирање на принципите и методологиите на менаџментот со квалитет во секојдневната пракса Континуирано подобрување на процесите и услугите, за остварување бенефит на сите заинтересирани страни т.е корисниците, добавувачите, вработените, сопствениците како и општеството во целина Со еден збор Квалитет во секој аспект од нашиот бизнис!

 

Назад дома